Т'га за југ - Константин Миладинов Орелски крилја как да си метнех и в наши ст'рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с'нцето и тамо мрачно угревјат, како и вамо. Ако како овде с'нцето ме стретит, ако пак мрачно с'нцето светит: На п'т далечни ја ке се стегнам, и в други ст'рни ке си побегнам, к аде с'нцето светло угревјат, каде небото ѕвезди посевјат. Овде је мрачно и мрак м' обвива и темна м'гла земја покрива: мразој и снегој, и пепелници, силни ветришта и вијулици, Околу м'гли и мразој земни, а в’гради студој, и мисли темни. Не, ја не можам овде да седам! Не, ја не можам мразој да гледам! Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам. Тамо зората греит душата и с'нце светло зајдвит в гората. Тамо дарбите природна сила со с'та раскош ги растурила: Бистро езеро, гледаш, белеит или од ветар синотемнеит: поле погледниш, или планина - сегде Божева је хубавина. Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам!