Ослободете се од стресот за 10 минути! Доколку се чувствувате исцрпено од пренатрупаниот секојдневен распоред и бескрајната листа на работи кои треба да ги направите, одвојте 10 минути за јога пауза која експресно ќе ве ослободи од стресот и ќе ви помогне да си дојдете на себе. Следните четири едноставни и ефективни јога позиции ќе ви ја зголемат енергијата и ќе го поттикнат излачувањето на хормоните на доброто расположение. Овие мали вежби ќе ви го смират телото и умот, па свежи и со леснотија веднаш ќе се вратите на обврските кои ве чекаат. Задржете ја секоја позиција 5 долги вдишувања и издишувања и повторете ја целата серија три пати. Доколку не можете да одвоите ни 10 минути, изберете една позиција, задржете ја и дишете. Позитивниот ефект ќе биде очигледен! Положба: ДРВО Придобивки: Ги зајакнува мускулите на бутовите, зглобовите и оние покрај ’рбетот и ја зголемува флексибилноста на колковите и рамениците. Положба: ВОЈНИК II Придобивки: Ја зголемува флексибилноста на колковите и рамениците и ги зајакнува нозете, грбот и зглобовите. Положба: ПРЕВРТЕН ВОЈНИК Придобивки: Оваа позиција ги истегнува препоните, градите и рамениците, истовремено зголемувајќи ја издржливоста и силата на нозете. Положба: ВОЈНИК III Придобивки: Оваа позиција го полни телото со енергија и ги зајакнува тетивите под колената, како и целата мускулатура на задниот дел од ногата. http://freebitco.in/?r=271063