Еден човек влегува во супер high-tech бар каде што робот работи како шанкер. Човекот седнува на шанкот, а роботот го прашува: - Колку е вашиот IQ? Човекот одговара: - 150. Роботот веднаш му дава 16 годишно виски и започнува разговор за квантна механика, за нано технологија, за вештачка интелигенција итн. Човекот бил многу импресиониран од вечерта и затоа наредната вечер решил да го тестира роботот. Кога роботот го прашал за неговот IQ, тој рекол 120. Веднаш роботот му отварил пиво, му зборувал за фудбал, омилени јадења, жени и др. Човекот пак бил импресиониран. Се враќа следната вечер. Роботот го прашува: - Колку е вашиот IQ? - Мислам дека е околу 80. Тогаш роботот му дава голема чаша со ракија и го прашува: - Пак ќе има избори а?