Ослободете се од стресот за 10 минути!


SUBMITTED BY: Guest

DATE: March 17, 2014, 6:20 p.m.

FORMAT: Text only

SIZE: 2.6 kB

HITS: 23634

  1. Ослободете се од стресот за 10 минути!
  2. Доколку се чувствувате исцрпено од пренатрупаниот секојдневен распоред и бескрајната листа на работи кои треба да ги направите, одвојте 10 минути за јога пауза која експресно ќе ве ослободи од стресот и ќе ви помогне да си дојдете на себе.
  3. Следните четири едноставни и ефективни јога позиции ќе ви ја зголемат енергијата и ќе го поттикнат излачувањето на хормоните на доброто расположение.
  4. Овие мали вежби ќе ви го смират телото и умот, па свежи и со леснотија веднаш ќе се вратите на обврските кои ве чекаат. Задржете ја секоја позиција 5 долги вдишувања и издишувања и повторете ја целата серија три пати. Доколку не можете да одвоите ни 10 минути, изберете една позиција, задржете ја и дишете. Позитивниот ефект ќе биде очигледен!
  5. Положба: ДРВО
  6. Придобивки: Ги зајакнува мускулите на бутовите, зглобовите и оние покрај ’рбетот и ја зголемува флексибилноста на колковите и рамениците.
  7. Положба: ВОЈНИК II
  8. Придобивки: Ја зголемува флексибилноста на колковите и рамениците и ги зајакнува нозете, грбот и зглобовите.
  9. Положба: ПРЕВРТЕН ВОЈНИК
  10. Придобивки: Оваа позиција ги истегнува препоните, градите и рамениците, истовремено зголемувајќи ја издржливоста и силата на нозете.
  11. Положба: ВОЈНИК III
  12. Придобивки: Оваа позиција го полни телото со енергија и ги зајакнува тетивите под колената, како и целата мускулатура на задниот дел од ногата.
  13. http://freebitco.in/?r=271063

comments powered by Disqus