Сигурно не знаевте дека ова е заразно!
Знаете дека настинките, грипот, па дури и проѕевањето, се заразни. Но, веројатно не сте слушнале дека некои емоции и шеми на однесување исто така може да се пренесат на друг.
Тие информации често ги пренесуваме несвесно низ говорот на телото, изразот на лицето, па дури и преку миризбата. Во продолжение следат 9 изненадувачки работи со кои другите може да ве заразат.
Стрес
Едно научно истражување покажало дека самото гледање на анксиозна личност, во нас може да предизвика зголемување на нивото на хормонот коритзол, кој е одговорен за стресот. Друго истражување покажало дека луѓето стануваат повнимателни кога се изложени на миризба на пот на друга личност предизвикана од стрес. Тие знаци нè подготвуваат за потенцијална опасност.
Цели
Сигурно сте забележале како децата не пројавуваат интерес за некоја играчка сè додека истата не се најде во рацете на друго дете. Тоа е така затоа што објектот го сметаме за попривлечен кога истиот претставува цел на некој друг. Доколку го сакаме она што го сакаат другите, учиме што е добро за нас без да мораме да го испробаме самите, што во спротивно би било поризично и би ни одзело повеќе време.
Среќа
Изгледа дека не е нужно да сте во непосреден контакт со некој (или неговите феромони) за чувството на среќа да се пренесе и на вас. Неодамнешната студија покажала дека луѓето може да ги „фати“ туѓата среќа дури преку набљудување на некој кој гледа радосна личност. Нашите емоции брзо може да се пренесат не некој, дури и ненамерно.
Страв
Сте забележале ли како може паниката да се прошири низ толпата без некоја посебна причина? Сега научниците знаат и зошто – кога испитаниците во една студија почувствувале мирис на пот на уплашена личност, тие направиле преплашен израз на лицето и биле повнимателни, што упатува на тоа дека ги „фатил“ стравот на друга личност. Научниците веруваат дека таквата реакција им помага на луѓето да преживеат, пренесувајќи информации за закана.
Гадење
Феромните, хемиските сигнали кои луѓето несвесно ги испуштаат, може да пренесат и чувство на гадење, судејќи според истата студија, во која го проучувале стравот. Луѓето правеле гримаси и поретко мирисале откако намирисале пот на луѓе на кои им се гадело. Научниците сметаат дека тоа е така од причини за да се минимизра изложеноста на смрдливите и токсичните хемикалии во воздухот.
Осаменост
Звучи невообичаено, но можете да го „префатите“ чувството на изолираност, сугерира неодамна објавената студија. Осаменоста ги прави луѓето негативни, раздразливи и дефанзивни, бидејќи на тој начин тие се штитат кога се во несигурно окружување. Осамените кон другите ќе се однесуваат полошо, а оние пак врз кои било демонстрирано тоа однесување, ќе бидат понељубезни кон трети лица, со што ова ќе продолжи да се пренесува во круг. Бидете свесни за тој ефект и кога сте со вашите добри пријатели, обидете се да се воздржите од однесувањето кое би можело да ги оттуѓи луѓето од вас.
Чувство на останување без здив
Кога гледате некој како го задржува воздухот може да почувствувате како и вие самите да сте останале без воздух и да го забрзате дишењето. Научниците тоа го поврзуваат со способноста за емпатија, со оглед на тоа што физичкото чувствто е еден од начините на кој ги пренесуваме емоциите. Можеби не чувствуваме емпатија кон личноста, но не можеме да се воздржиме од сличната физчка реакција на она што тие го чувствуваат.
Чешање
Кога гледаме некој како се чеша и самите почнуваме да го чувствуваме јадежот и најверојатно самите ќе почнеме да се чешаме. При глетката на некој како се чеша во нашиот мозок се активира истиот дел одговорен за физичка перцепција на јадежот, веројатно заради нашата емпатиска тенденција.
http://freebitco.in/?r=271063