Еден човек влегува во супер high-tech бар каде што робот работи како шанкер.
Човекот седнува на шанкот, а роботот го прашува:
- Колку е вашиот IQ?
Човекот одговара:
- 150.
Роботот веднаш му дава 16 годишно виски и започнува разговор за квантна механика, за нано технологија, за вештачка интелигенција итн.
Човекот бил многу импресиониран од вечерта и затоа наредната вечер решил да го тестира роботот.
Кога роботот го прашал за неговот IQ, тој рекол 120. Веднаш роботот му отварил пиво, му зборувал за фудбал, омилени јадења, жени и др. Човекот пак бил импресиониран. Се враќа следната вечер.
Роботот го прашува:
- Колку е вашиот IQ?
- Мислам дека е околу 80.
Тогаш роботот му дава голема чаша со ракија и го прашува:
- Пак ќе има избори а?